Investitorin “LEAR” në Tetovë e ka sjellur Ministri i VMRO-së, thotë ish kryeministri Nikolla Gruevski! Përmes një postimi në Facebook, Gruevski thotë se investimi i kompanisë “Lear” në Tetovë është meritë e Ministrit të VMRO-DPMNE-së Vele Samak i cili në vitin 2013 e realizoi kontaktin e parë në Gjermani me këtë kompani, shkruan Gazeta Lajm. Gruevski me këtë i ka dhënë një “shuplakë” BDI-së edhe pse partia e Ahmetit ka votuar disa herë Gruevskin kryeministër dhe është partia shqiptare që më së gjati i ka qëndruar besnike VMRO-DPMNE-së.
Në vazhdim e u sjellim postimin e plotë të Gruevskit në gjuhën maqedonase:
Nikola Gruevski
Одлична вест за Тетово и целиот полошки регион и добра вест за целокупната македонска економија. Денес се означува и официјалниот почеток со работа на американската компанија за автомобилски делови „Леар“ која инвестираше во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово и која по комплетирањето на инвестицискиот циклус треба да вработи најмалку 2000 луѓе, што претставува егзистенција, сигурност и можност за планирање на иднината на 2000 семејства од полошкиот регион. Станува збор за сериозна корпорација која се вбројува во една од 500-те најголеми на листата на „Форчн”, со повеќе од 130 илјади вработени и над 30 фабрики низ светот. Првиот контакт со компанијата е остварен во 2013-та година од страна на министерот Веле Самак кој во Германија го посети нивното европско седиште. По долготрајни разговори и вложениот труд во 2015-та година компанијата донесе одлука да инвестира во Македонија во конкуренција со повеќе земји од регионот. Таа се занимава со производство на навлаки за автомобилски седишта. Во моментов „Леар“ работи во новоизградената фабрика во зоната во Тетово на површина од 12.000 м2 со можност за експанзија. Во моментов се вработени околу 500 лица, а во наредните два месеци се очекува бројката да прерасне до 800 вработени, комплетниот број на вработени ќе биде 2000. Отворањето на работни места и придвижувањето на економијата е она што ги решава проблемите на граѓаните и е она кон кое што сме ние најсилно фокусирани. Оваа инвестиција е дотолку значајна што се реализира во време на тешка политичка криза, што само докажува дека ние не се откажуваме од нашето ветување да се бориме за секое ново работно место. Продолжуваме да создаваме и понатаму, заедно со граѓаните, да постигнуваме уште повеќе дела и успеси.